Средба со американската амбасада во Скопје

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретнала со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс.

По средбата, таа информира дека е потврдена заедничката определба за зајакнување на енергетската соработка и премин кон реализација на конкретни проекти.

„-По потпишувањето на Меморандумот за соработка, во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, следува она што е најважно: реални чекори, конкретни проекти и инвестиции што ќе ја зајакнат енергетската безбедност на државата. Разговаравме за можностите за соработка во развојот на гасната инфраструктура, обновливите извори на енергија и стратешките енергетски проекти што ќе придонесат за поголема диверзификација, регионална поврзаност и економски развој. Градиме енергетска иднина со силни меѓународни партнери, современи технологии и јасна визија. напиша Божиновска на нејзиниот фејсбук-профил.“