По повод големиот христијански празник Божик, вечерва во Офицерскиот дом, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи „Божиќен концерт“.
На концертот, ќе настапат Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“, Детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.
Влезот за концертот е слободен, но поради ограничениот број на места, бесплатните влезници можеа да се подигнат, заклучно со 6 јануари.