Ова се доволно пари за лекот за цистична фиброза за сите болни во државата, вели активистот и писател Божидар Божиновски, потсетувајќи дека за време на пандемијата власта потрши над три милиони евра за службени возила.
Лек што живот значи. А овие додека некои гледаа како да преживеат по клиники, некои без работа им ја украдоа иднината на многумина. Ова е само една ставка од криминалите, од одвратноста на оваа власт, пишува Божиновски.
Реакцијата доаѓа по веста дека денеска почина најтешко болниот пациент од цистична фиброза во земјава, Благојче Илиевски.