Тие велат дека Црвенковски воопшто не го ажурирал своето членство во СДСМ поради несогласувањата со политиките на Зоран Заев и актуелното раководство и оттаму произлегува дека нема воопшто да гласа.
Во ноември минатата година тој јавно го замрзна членството во СДСМ.
-Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. – соопшти Црвенковски на 26ти ноември минатата година.
Според изворот од неговото опкружување, за Црвенковски било апсурдно тоа што Заев е единствениот кандидат на внатрепартиските избори во СДСМ, што воопшто не е чин на демократија.