По 131 ден поминат на ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа си замина дома.
-На 12 март таа се роди во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1.890 грама. Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом. Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа, соопштија од клиниката.
ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство ѝ посака многу здравје и среќно и безгрижно детство.