Лондон сака повторно да преговара за договорот со ЕУ, кој е на сила од почетокот на годината, но и натаму се соочува со одбивање од страна на Брисел.
Според царинските правила, Северна Ирска се уште е во единствениот европски пазар и царинска унија, бидејќи е предвидено да се контролира стоката што пристигнува по морски пат од останатиот дел на Велика Британија до Северна Ирска, која се граничи со Ирска, членка на ЕУ.
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фрост изјави дека Владата ќе го продолжи сегашниот протокол, кој предвидува одредување флексибилност во царината.
Европската комисија, од своја страна, одговори дека Велика Британија е законски обврзана да ги исполни своите обврски. Таа додаде дека се уште нема намера да поведе прекршочна постапка.
Велика Британија сака стоките што одат за Северна Ирска да не подлежат на царинска контрола.
ЕУ отсекогаш ги отфрлала таквите мерки, сметајќи ги како закана за интегритетот на сопствениот пазар поради недостиг на физичка граница и контрола помеѓу Северна Ирска и Ирска.