„Бинанс Маркетс“, британскиот огранок на „Бинанс“, не смее да извршува регулирани активности без писмено одобрение од ФЦА, а одлуката стапува на сила веднаш, објави агенцијата за финансиски услуги ФЦА.

Тргувањето со криптовалути во Велика Британија не е директно регулирано, но платформите мора да добијат лиценци за услуги.

ФЦА му наложи на Бинанс до 30 јуни да објави известување на својата веб-страница и на социјалните мрежи дека на Бинанс маркет не им е дозволено да вршат регулирани активности во Велика Британија.

Платформата исто така мора да води целосна евиденција во врска со потрошувачите во Велика Британија и да ја извести ФЦА до 2 јули дека ја имплементирала таа наредба.

Регулаторот не објасни зошто презела акција против Бинанс, кој претходно соопшти дека ги прифаќа своите законски обврски многу сериозно и соработува со регулаторите и агенциите за спроведување на законот.

ФЦА го засили својот надзор над трговијата со криптовалути, што стана многу популарно, како во Британија, така и низ целиот свет. Од јануари, регулаторот бара сите компании кои нудат услуги поврзани со криптовалути да се регистрираат и да докажат дека се во согласност со законите против перење пари.