Модерна ќе биде третата вакцина што ќе се користи во Велика Британија по вакцините Оксфорд-АстраЗенека и Фајзер, а тоа се случува во време кога испораките на вакцини од АстраЗенека почнуваат да се забавуваат поради проблеми со производството, вклучително и производството во Индија, пренесува Ројтерс.
-Воодушевен сум што денес можеме да започнеме со воведување на вакцината Модерна во Западен Велс. Денес ја започнуваме третата одобрена вакцина. Каде и да живеете, кога ќе ве повикаат, земете ја вакцината, рече државниот секретар за здравство и благосостојба Мет Хенкок
Премиерот Борис Џонсон ги повика луѓето да се вакцинираат веднаш штом ќе бидат поканети.
Велика Британија вакцинираше 31,6 милиони луѓе со првата доза и администрираше 5,5 милиони со втората доза. Наскоро ќе вакцинира половина од вкупната популација.
Израел е светски лидер во вакцинирање на своето население против КОВИД, проследено со Обединетите Арапски Емирати, Чиле, Велика Британија, САД, Бахреин, Србија и Унгарија.