Низ новоокупираните територии во јужна Украина, властите што ги постави Русија веројатно ќе бидат под зголемен притисок од Москва да ја консолидираат својата контрола врз регионот и да се подготват за референдуми за приклучување кон Русија подоцна оваа година, тврди британското Министерство за одбрана во својот последен разузнавачки извештај.

Во извештајот се наведува и дека Русија во моментов ги смета окупираните територии „под привремена цивилно-воена управа“. Локалните власти веројатно го принудуваат населението да открива лични податоци за да ги состави избирачките списоци, тврдат британските разузнавачи.