Џонсон и Сунак секојдневно ќе бидат тестирани на корона.
Министерот за здравство на Британија Сајид вчера изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус.
„Британската национална здравствена служба (НХС) ги контактирала премиерот и министерот, така што тие се наведени како контакти на заразено лице“.
Правилото е дека секое лице кое било во контакт со заразено лице мора да биде во самоизолација десет дена.
Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програма што им овозможува да продолжат да работат од канцелариите и да се изолираат само кога не се на работа.