Студијата опфатила група од 496 ковид-пациенти, кои биле примени во британските болници во ноември и декември минатата година, а нивната состојба била анализирана во компаративна студија со пациенти со други варијанти на коронавирусот, пренесува Ројтерс.
Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирус Б.1.1.7. поголем ризик од сериозна клиничка слика и смрт од другите соеви не е потврден.
Британска варијанта на коронавирусот позната како Б.1.1.7. првпат беше откриен кон крајот на минатата година во Велика Британија и наскоро стана најраспространет во САД, потврдија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, пренесува Ројтерс.