САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог за почеток на преговори, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.
-САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за старт на преговорите, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет, порача Брнз во објавата, која вечерва беше објавена на Фејсбук страницата на американската Амбасада.
-Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме пат за придвижување нанапред, истакна Брнз.