Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 303 нови случаи на коронавирус од 6.063 тестирани примероци, а четири лица починаа. Во болниците има 431 пациент со ковид, од кои осум се на апарати за дишење.
Од почетокот на пандемијата во Србија, тестирани се 4.677.471 лица, регистрирани се 722.221 случаи на ковид, а 7.118 пациенти починале.
Стапката на смртност е 0,99.
Во последните неколку дена, бројот на новозаразени со коронавирус расте. Сe повеќе луѓе се во болница, а лекарите посочуваат дека бројките предупредуваат дека четвртиот бран е пред нас, и дека е потребно да се забрза вакцинацијата.