Синоќа се евакуирани туристите од неколку места во егејскиот регион Бодрум и се одведени на безбедно место, додека денеска се евакуирани туристите од место во провинцијата Анталија.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли денеска изјави дека пет од сто пожари се уште се активни, а силниот ветер го отежнува нивното гаснење.

Турција уште од средата се бори со најголемите шумски пожари во изминатите неколку години, при што загинаа шест луѓе, а стотина се повредени.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган вчера погодените подрачја ги прогласи за „зони на катастрофи“ и вети дека ќе им биде надоместена штетата на граѓаните.

Турските власти почнаа истрага за причините за пожарите, при што не се исклучува дека се намерно подметнати,

Метеоролозите предвидуваат следните денови температурата да се искачи над 40 степени Целзиусови.