Во САД од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 30 милиони инфекции со коронавирус, јави ДПА.

Ниту една друга земја во светот не забележала толку многу случаи и најверојатно во неа има и голем број на инфекции што не се регистрирани.

САД, исто така, се најтешко погодената земја во светот според апсолутниот број на смртни случаи од Ковид-19, бидејќи досега се забележани повеќе од половина милион умрени, додава ДПА.

Државата, со население од околу 330 милиони жители, во моментов спроведува брза вакцинација на популацијата, бидејќи веќе над 46,3 милиони лица се целосно вакцинирани, додека повеќе од 85,4 милиони ја добиле барем првата доза.