Роберт Милошески е избран за вршител на должност градоначалник на Брвеница по прераната смрт на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски. Одлуката беше донесена на вонредна седница на Советот на Општината, за локалната самоуправа да продолжи непречено да функционира до изборот на нов градоначалник.

Советниците со мнозинство гласови одлучија функцијата привремено да ја преземе Милошески, кој досега беше претседател на Советот. Тој ќе раководи со Општината до распишувањето и одржувањето на предвремените локални избори.

Со преземањето на градоначалничката функција, мандатот на Милошески како претседател на Советот мирува. На истата седница, за нов претседател на Советот беше избран Мирослав Даиловски.

Од Општина Брвеница соопштија дека тековните проекти, активностите и услугите за граѓаните ќе продолжат без прекин. Институцијата ќе работи редовно и во периодот до изборот на нов градоначалник.