Тој истакна дека една од причините за неговата одлука е тоа што над 258.000 граѓани живеат со 0,7 долари дневно.

– Буџетот за 2022 година е антисоцијален. Го вратив во Собранието бидејќи не дава никаква дополнителна економска помош за 258.840 граѓани, кои живеат со 0,7 долари на ден; 440.579 пензионери во градовите живеат со 4,8 долари на ден, додека 103.626 пензионери во селата живеат со 2,8 долари на ден, истакна Мета.

Според аргументите на шефот на државата, 71 отсто од вработените во администрацијата не добиваат ниту минимално зголемување на платата.

На крајот на октомври албанскиот Парламент го изгласа буџетот за 2022 година во висина од 5,2 милиони евра, во кој се предвидува економски раст од 4,1 отсто и дефицит од околу 800 милиони евра.

Со буџетот, кого, Владата го опиша како буџет за закрепнување, меѓу другото се предвидува зголемување на платите на просветните и здравствените работници за шест проценти, на припадниците на Националната гарда за седум отсто, за припадниците на вооружените сили 30 проценти.

Минималната плата планирано е да се зголеми на 32.000 леки (262 евра), додека за пензиите ќе има само вредносен индекс на инфлацијата, а сите пензионери на крајот на годината ќе добијат бонус во износ од по 5.000 лека (40) евра.