Во делот за Бугарија од извештајот, Стејт департментот ги нагласува како сериозни проблеми случаите на „полициско насилство, произволно апсење, сериозни проблеми со независноста на судството, сериозни ограничувања на слободното изразување, вклучително и цензура во медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари, корпоративен и политички притисок врз медиумите“ и други.

Владата во Софија генерално ја почитува слободата на говорот, вклучително и печатот.

– Сепак, останува загриженоста дека корпоративните и политичките притисоци, во комбинација со растечката и нетранспарентна концентрација на мрежата на сопственост и дистрибуција на медиуми … значително го оштетија медиумскиот плурализам, се нагласува во извештајот.

Стејт Департментот нагласува во извештајот за неказнивост на службените лица во коруптивни практики, вклучително и мито, судир на интереси, злоупотреба на средства и кршење на правилата за јавни набавки.