Премиерот Стефан Јанев најави дека бугарската влада размислува да прогласи ден на жалост поради трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 патници, но и поради вчерашната трагедија во Бугарија кога во пожар во дом за стари лица загинаа 9 лица.

Денес е посебен ден. Ни се случија две големи трагедии. Тие се заеднички и националноста не е важна, порача Јанев.