Тој повикал и за формирање „зелени коридори“ за туристите од европските држави. На видео состанокот учествувале и премиерката на Финска Сана Марин, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и премиерот на Малта Роберт Абела. Фокус во разговорите бил за претстојното вонредно заседание на ЕС на 24 и 25 мај.
Бугарија подготвена да донира вакцини против Ковид-19 за соседите од Западен Балкан
Б
Бугарскиот претседател Румен Радев изразил денеска подготвеност на државата да донира вакцини против Ковид-19 за соседните држави од Западен Балкан и нагласил за неопходност од правила принципи и процедури за такви донации. Тоа го соопшти Кабинетот на Радев по денешниот видео-состанок со претседателот на ЕС, Шарл Мишел.