Трговските центри ќе бидат отворени подоцна следната недела, а кафулињата и ноќните клубови ќе можат да примаат гости со капацитет од 50 проценти од 29 април, објави Ројтерс.

Балканската земја со седум милиони жители вчера регистрираше 3.556 случаи на ковид, помалку од последните тринеделни просеци од околу 4.000 случаи на ден.

-Сведоци сме на првите чекори што водат кон крајот на третиот бран, рече Ангелов, додавајќи дека училниците ќе бидат отворени под специјален надзор на чуварите кои ќе следат дека училиштата не се преполни.

Третиот бран на пандемија во Бугарија беше многу опасен, а таа беше втора најсмртоносна земја во Европа по Унгарија, според научните податоци на страницата „Нашиот свет во податоците“.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се 364.419 случаи во Бугарија, а 14.034 пациенти починале.