Трагедијата во Кочани го бранува регионот. Откако македонската влада прогласи седумдневна жалост, сега се огласи и Бугарија.

Бугарија прогласи ден на жалост за жртвите во Кочани

Бугарската влада утре, 18 март, ќе го прогласи за Ден на национална жалост како израз на солидарност со Република Северна Македонија. Ова го изјави премиерот Росен Желјазков пред новинарите во врска со трагедијата во градот Кочани.

Во бугарските болници во моментов се лекуваат 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Премиерот Жељазков прецизираше дека бугарската држава обезбедила и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените.

„Тука нема политика, има само сочувство, емпатија и солидарност. Верувам дека нашиот народ ќе ја остави зад себе гужвата на секојдневието за да бидеме обединети на овој ден“, рече и премиерот.

Претходно, ден на жалост прогласи и Србија.