Мислам дека ако Бугарија направи гест по тоа прашање и отстапи – што во прв ред значи да престане да се „навредува“ од фашистички окупатор – работите ќе се поместат.
Мислам дека тогаш и соседите ќе разберат дека многу бугарски војници некогаш верувале дека учествуваат во возвишена кауза, а потоа биле измамени, вели бугарскиот професор Ивајло Дичев за „Дојче Веле“
За историјата ќе има разбирање само ако секој е подготвен да ги погледне сопствените грешки-додава професорот.