Илјадници родители во Холандија бараат отштета во име на своите деца од видеоплатформата „Тик-ток“.
Тие бараат повеќе од 1,4 милијарда евра, објави холандската Фондација за истражување на пазарот на информации (СОМИ). Според Фондацијата, повеќе од 64.000 родители бараат отштета.
Причината е дека „Тик-ток“ собира податоци за малолетници, без дозвола за насочено рекламирање. Покрај тоа, децата се изложени на опасности преку таканаречени предизвици, во кои корисниците на платформата се прашуваат едни од други да извршат ризични дела.
Фондацијата СОМИ е непрофитна организација посветена на заштита на основните права на корисниците на интернет-услуги.
„Тик-ток“ е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Операторот на платформата претходно објави дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници.