Спасувачките тимови продолжуваат да проверуваат стотици разрушени домови и згради од силната бура проследена од торнадо што ја зафати американската сојузна држава Мисисипи и во која загинаа најмалку 25 лица.
Како што објави Ројтерс, торнадото траело цел час и за тоа време минало растојание од 274 километри, уништувајќи се на патот.
Жители на градот Силвер Сити опишувале како се криеле во кадите во бањите додека помине торнадото.
Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во Мисисипи и најави федерална помош за најтешко погодените реони.