Од Градот Скопје апелираат до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

-Воедно доколку забележите пожар ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, се наведува во соопштението на Градот Скопје.