Цените на нафтата на светските берзи пораснаа во последната недела од минатата година бидејќи трговците очекуваат продолжување на економското закрепнување, а со тоа и побарувачката на нафта, па во 2021 година забележаа раст од над 50 отсто.
– Имавме делта и омикрон варијанта на коронавирусот, разни видови „заклучување“ и ограничувања за патување, но побарувачката за нафта остана релативно стабилна. рече Крег Џејмс од брокерската компанија CommSec.
Глобалната побарувачка на нафта се зголеми во 2021 година, бидејќи светската економија, поддржана од огромни монетарни и фискални стимулации, закрепнува од кризата со корона.
Дополнителен раст на цените се очекува во новата година, благодарение на дополнителното закрепнување на побарувачката за авионски и други горива. Но, не толку силна како минатата година.
Анкетата на Ројтерс во која учествуваа 35 економисти и аналитичари проценува дека просечната цена на барелот на лондонскиот пазар во 2022 година би можела да биде 73,57 долари, 2 отсто помалку од очекуваното во претходната анкета.
И со цената на нафтата блиску до 80 долари, Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници предводени од Русија најверојатно ќе ја потврдат одлуката на 4 јануари за зголемување на производството во февруари за 400.000 барели дневно, велат аналитичарите.