Во разговор со локалните новинари, Чави изјави синоќа дека неговата екипа мора да дава максимум во наредниот период, и да ги направи своите навивачи повторно горди на каталонскиот клуб.

– На моите играчи ќе им кажам дека ние сме Барселона, а тоа значи дека мораме да даваме повеќе од 100 отсто од своите можности во секоја минута, во секоја секунда за да успееме…Подоцна резултатите ќе зависат од нашите противници и самата игра, но мораме да ги направиме нашите навивачи да бидат горди на нас дури и кога ќе загубиме, порача Чави пред неговото тренерско деби на клупата на Барселона.