Специјализантот, земал 30 илјади денари плата, но го нема на работа и можно е да му биде врачен отказ.
– И за него и за уште една колешка, исто така специјализантка, отворивме дисциплинска постапка. Не сум го видел во болницата четири години а морам да му давам 30 илјади денари плата, бидејќи таков е договорот со Министерството за здравство. Во времето на ВМРО ДПМНЕ донеле некој програм за кофинансирање на специјализација, па според таа одредба е на платен список. Има уште една таква колешка, меѓутоа за таа докторка проверив дека е максимално ангажирана во амбуланта за ендокринологија на клинички центар. Но и за неа отворивме дисциплинска постапка бидејќи е нејасно зошто не е кај нас во болница, веќе четири месеци ја нема во ковид пандемијата, а претходно доаѓаше. Што и да се одлучи на дисциплинската постапка, така ќе постапам, ако се реши да им се врачи отказно решение, така и ќе направам, изјави доктор Костов за Слободен печат.
За двата случаи, почнал да реагира медицинскиот персонал од ГОБ 8 Септември кој секој ден оди на работа и нема одмор во пандемијата, а дневно во амбулантата прегледува и по 180 пациенти. За нив е несфатливо како може некој да биде плаќан од болницата за да не оди на работа.