На 06.12.2023 во 23:10 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Денеска (07.12.2023) во 00:30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(39) и Н.С.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

На 06.12.2023 во 20:40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.