Четири возила, од кои три патнички и едно товарно, попладнево се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш.

Од СВР Штип ја потврдија сообраќајната несреќа.

Детални информации нема, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот.

Според првичните сознанија во сообраќајката нема загинати лица, а движењето на другите возила не е во прекин, односно сообраќајната полиција ги пренасочува.

Подетални информации се очекуваат по завршувањето на увидот.