Девет повредени од пожарот во Кочани ќе бидат испишани од болница
Од вкупно 24 пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, девет се во стабилна состојба и денес ќе бидат испишани од болница.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека вчера во земјава се вратиле пет пациенти кои биле на лекување во странство – еден од Атина и четири од Шпанија.
Во моментов, 108 пациенти продолжуваат со лекување во странство. Денеска се очекува враќање на уште осум пациенти – двајца од Белгија, двајца од Турција, двајца од Австралија и двајца од Хрватска. Со тоа, од утре, 101 пациент ќе остане на лекување надвор од земјата.
„Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат“, изјави Таравари.
Четирите пациенти во критична состојба имаат подобрувања
Тој истакна дека состојбата на четири пациенти сè уште е тешка, но со одредени подобрувања во споредба со претходните денови.
„Денеска имаме малку подобри вести. Критичните пациенти се во малку подобра состојба од вчера, но и натаму нивната здравствена состојба останува сериозна“, додаде министерот.
Извор: Скопје1