Четири лица загинаа а повеќе од 20 се повредени во пукање кое се случило на роденденска прослава во градот Дејдвил, Алабама. Како што објави „Фокс њус“, пукањето било во танцово студио околу 22 и 30 минути каде тинејџери славеле 16-ти роденден.
Од полицијата се уште нема официјални информации за причините за убиствата, ниту детали околу случајот.
„Утрово тагувам со луѓето од Дејдвил и со луѓето од Алабама“, напиша гувернерот Кеј Ајви.
Дејдвил има население од околу 3.200 жители и се наоѓа на околу 92 километри од главниот град на Алабама, Монтгомери.