Четворица осомничени за тешки кражби од ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против четири лица. Тие се осомничени за извршување на четири тешки кражби, како и обид за извршување на уште една кражба од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Според информациите од обвинителството, осомничените, во периодот од почетокот на месецот, четири пати ја кршеле металната капија со физичка сила и алат. Влегувале во објектот и одземале машини и други вредни предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ: 24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде
На 14 април, двајца од осомничените се обиделе да украдат парчиња лим. Сепак биле забележани од вработените и задржани на лице место.
Обвинителството до судијата на претходна постапка предложи мерка притвор за сите четворица осомничени, додека истрагата продолжува.
Извор:Курир