Четворица државјани на Полска се приведени откако биле затекнати во непосредна близина на воени магацини во Тетово. Безбедносните служби веднаш постапиле на терен и ги лишиле од слобода затекнатите лица со цел утврдување на мотивите за нивното движење во забранетата зона.

Според првичните сознанија, во настанот биле вклучени уште три лица. Тие успеале да побегнат од местото со четирицикли во моментот кога забележале приближување на надлежните органи.

Полицијата презема интензивни оперативни активности и мерки за пронаоѓање на преостанатите тројца бегалци. Во тек се детални проверки за целосно расветлување на безбедносниот инцидент.