Поранешниот министер за правда Михајло Маневски денеска за КУРИР изјави дека членовите на Судскиот совет – Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа – кои добија недоверба од Собранието на Република Македонија,  не се легитимни и немаат право да вршат функции или да земаат плата. Според него, овие лица, поврзани со опозициската СДСМ, го нарушуваат судството, а Македонија заслужува нов, независен Судски совет.

Михајло Маневски: Судскиот совет е марионета на СДСМ

Михајло Маневски, со децениско искуство во правосудниот сектор, тврди дека членовите на Судскиот совет, избрани со едногласна недоверба од Собранието, ја загубиле легитимноста и не смеат да продолжат со работа.

„Членовите од Судскиот совет, како Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Миљазим Мустафа, на кои Собранието им изрази недоверба, повеќе не се овластени да делуваат и не заслужуваат плата“, изјави Маневски

Тој додаде дека претседателот на Судски совет, Александар Камбовски, мора да преземе итни чекори:

„Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, кој е запознаен со одлуката на Собранието, треба да организира итна седница за да се потврди крајот на мандатите на наведените членови, откако Собранието утврдило дека тие не го претставуваат повеќе народот“, истакна Маневски.

Тој исто така побара распуштање на целиот Совет поради изгубената доверба и оглас за нов избор.

„Со оглед на сите аргументи презентирани во Собранието и во јавноста за целосно уништениот углед, Судскиот совет изгубил секоја доверливост и мора да се растури со оставки на членовите избрани од судиите. Камбовски, сè до изборот на нов состав, треба да се ограничи на технички задачи и да започне постапка за избор на нови членови според Законот за судски совет“, додаде Маневски.

Партиски должници: СДСМ го контролира судството

Маневски обвинети дека овие членови на Судскиот совет дејствуваат како партиски послушници на СДСМ.

„Некои членови на Судскиот совет, водени од Весна Дамева и Тања Чачарова Илиевска, свесно создаваат отпор, служејќи како партиски послушници на СДСМ, каде Дамева учествувала во нивниот правен тим, а Чачарова Илиевска била советник за правда кај Зоран Заев од август 2017 до ноември 2020“, рече Маневски.

Тој го осуди однесувањето на Дамева на Собраниската седница, опишувајќи го како „непристојно и непочитајќко“.

„Весна Дамева на седницата се однесуваше крајно дрско и непочитувајќи го достоинството на Собранието, но претседателот Африм Гаши ја спречи да предизвика поголем хаос, одземајќи ѝ го зборот и замолувајќи ја да ја напушти салата. Ова е сликата на Судскиот совет на Македонија, кој мора да исчезне и да се замени со нов, целосно независен орган“, заклучи Маневски