Таа истакна дека мора да се менуваат нештата бидејќи бевме сведоци на воено профитерство.

– Се земаа 4.000 денари за ПЦР тест, цените на маските и скафандерите пораснаа, дезифициенси, лекови, а 40% се качи данокот за лекови и никој не го спомна тоа, рече Чолакова Дервишова.

Таа посочи дека проблемите се јавуваат затоа што тие кои ги носат одлуките одозгора ги гледаат работите и не се на терен и затоа голем дел на одлуки се погрешни.

– Потребна ни е национална стратегија за здравство, план во кој град што недостига. Еднаш свеста да достигне до тоа ниво да се сфати дека здравството е приоритет и дека ако имаме задоволни здравствени работници ќе имаме и задоволни пациенти. Мора да има сигурни плати, мора да има ладен погон, каде докторот во Виница ќе биде квалитетен доктор со добра опрема и амбуланта како и судијата што е добро платен и во малите места и во Скопје, рече Чолакова Дервишова.