Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ се заблагодари на граѓаните на овој град што гласале за него по првиот круг на локалните избори.

Сакам да им се заблагодарам од душа и срце на 8 582 Кумановци. Вие ја дефинирате мојата љубов кон Куманово. Чуден е поразот во победата. Горчливо и слатко. Предадено, напиша Михајловски.

Во ек на кампањата за локалните избори Михајловски соопшти дека се заразил со ковид-19 и последните 10 дена од камапњата беше во изолација.