Отпочнување на преговорите или отфралење на предлогот со надеж дека некогаш во иднина ќе добиеме подобар. Што и да биде одлуката за Францускиот предлог, последиците ќе си ги сносиме сами, вели универзитетската пофесорка д-р. Ана Чупеска.
Ова прашање никако не смее да биде причина за прибирање на ситни политички поени, смета Чупеска, напротив во овие моменти потребено е носење на заедничка одлука која е добро да произлезе од работната група формирана во Собранието, низ транспарентна процедура.
Предлогот што ни го даде ЕУ е нивен предлог, Не е наш! Треба да биде јасно дека ЕУ е субјектот кој ги поставува условите-“Земи или остави“!-додава Чупеска.
Во овој момент е најважно да се смират тензиите и да не дојде до ескалирање на протестите. Чупеска апелира на голема претпазливост и опасноста да се довдеме до ситуација во која ќе сме само маша во рацете на воени профитери.
Лидер: Кој и дали провоцира меѓуетнички тензии ?
-Според последните случувања, очигледно е дека некој има голем интерес за дестабилизација на земјата. За жал во подгревањето на атмосферата придонесоа и легални политички субјекти. Верувам истрагите во многу брзо време ќе ги утврдат инспираторите и нивните мотиви. Очекувам соодветни санкции за нив.
Лидер: Ситуацијата е премногу сериозна за да остане на вакво препукување и водење на земјата кон дестабилизација и хаос. Кој е следниот чекор кој треба државата треба да го направи? Да излезат и да кажат алтеративни и сценарија?
-Најважен приоритет е да се смират тензиите, да не дојде до поголема ескалација. Не смееме тоа да си го дозволиме, затоа што во услови на глобални тензии и конфликт (на пр. Руската инвазија) мора да сме многу претпазливи да не бидеме втурнати во ситуација да бидеме маша во раце на воени профитери.
Лидер: Чешкото претседателство се изјасни дека Украина е во фокусот на нивниото 6 месечно раководење со ЕУ, бегалската криза, енергетската безбедност, но никаде не го споменаа проширувањето и земјите од Западен Балкан. Од другастрана пак ЕУ вчера донесе одлука за одобрување финансирање за Бугарија во вредност од 11 милијарди евра. Дали Бугарија ја заврши работата со францускиот предлог а со тоа создаде домашен конфликт во Македонија?
-Унијата си има свои сериозни предизвици итие се легитимни и несомнено и од наш интерес е тие предизвици да бидат решени. Ние сме дел од европскиот континент и нас не засега се што се одвива во овој геополитички простор. Најекспонентен пример за ова е фактот поврзан со енергетската криза.
Тоа што не е споменато проширувањето, апсолутно не значи ништо, со оглед на тоа дека претседателот на Советот Мишел (кој не дојде во лично својство, туку зборуваше во име на сите држави членки) недвосмислено разјасни дека проширувањето е на агендата.
Лидер: Вие бевте дел од експертската дебата огранизирана од премиерот Ковачевски по однос на францускиот предлог. Треба ли да се прифати и која е алтернативата ако се одбие предлогот?
-Во тек е широк консултативен процес и тоа е добро. Предлогот од ЕУ е достапен не само за експертската јавност туку и за сите граѓани. Објавен е и на македонсски јазик. Ги охрабрувам сите до го консултираат и да се вклучат во дебатата но на разумен начин со рационално однесување, не со потпалување на атмосферата.
За поздравување е и тоа што е направена работна група во Собранието со претставници од власта и опозицијата. И тоа е добро, но оваа работна група мора во својата работа да вклучи максимум рационалност и разум. Ги охрабрувам и нив и сите останати да бидат на висината на задачата, да ги надминат теснопартиските интереси. Да донесат заедничка одлука.
Уште повеќе сметам дека сите ние сме одговорни во своите јавно искажани зборови и ставови во овие клучни моменти за нашата земја.Предлогот што ни го даде ЕУ е нивен предлог, унилатерален предлог. Не е наш! Ни понудија рамка за преговарање, во неа се содржани сите услови. Треба да биде јасно дека ЕУ е субјектот кој ги поставува условите-“Земи или остави“!
Многу е едноставно. Што и да одлучиме а ќе одлучуваме во транспарентна собраниска процедура, ќе мора да сме апсолутно свесни за последиците од две алтернативи.
Првата-Отпочнување на преговорите – во кои имаме шанса да преговараме, да се договараме, да се чуе нашиот став и глас, да се бориме за себе и секако во такви преговори-имаме шанса во секој момент да отстапиме од преговарање доколку некој не “малтеретира“,
Друга алтернатива е да го отфрлиме предлогот и да се надеваме дека некогаш во иднина ќе добиеме подобар, а во меѓувреме да се соочиме со имплозија.
Од овие причини, од особено значење е сите релавантни политички чинители во државата да се свесни за последиците од двете алтернативи и тоа да се искомуницира соодветно до граѓаните. Ова прашање никако не смее да биде причина за прибирање на ситни политички поени.