Законот кој беше предложен од владата, но малцинските партии не го поддржаа, а тој сепак беше изгласан со помош на гласовите од опозициската партија во Црна Гора.
Некои разлики меѓу овој и обичниот брак, сепак ќе постојат, а тоа се формалности кои ќе се случуваат пред склучувањето на бракот, поточно пред матичарот. Исто така, на почетокот нема да биде дозволено склучување на бракови во сите градови низ Црна Гора, туку во мал број на општини, почнувајќи со Подгорица.
Претседателот на Управниот одбор „Квир Монтенегро“, Даниел Калезиќ, за „Дневни вести“ вели дека ова за нив е многу значајно бидејќи овој ден го чекале 10 години. Тој исто така истакна и дека дека, според информациите кои ги имаат, 20 истополови парови во Црна Гора веќе чекаат ред кај матичар.
„Ова е многу важно за нас, пред се поради тоа што конечно нашите семејства ќе бидат признаени пред Законот. 10 години по првичната иницијатива сме чекор поблиску до рамноправност. Секако, со овој Закон не е решено се, ќе почекаме да бидат дополнети уште 26 закони за да може во пракса да се користат сите права кои законот ни ги овозможува“, рекол Калезиќ.
Неодамна, 20 матичари и матичарки од осум општини во Црна Гора завршиле обука за склучување на животни партнерства.