Владата на Црна Гора усвои одлука за ограничување на маржите за повеќе од 500 продукти, а планот е да се намали инфлацискиот притисок врз граѓаните. Овие мерки ќе важат два месеци, односно од крајот на март до крајот на мај, објавија црногорските медиуми.

Премиерот Милојко Спајиќ рече дека инфлацијата во Црна Гора е увезена.

“Ова не го запира зголемувањето на цените, туку ги намалува цените на 500 артикли, кои се најважни за животот на граѓаните”, рече тој.