Тој на министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ му ги испратил своите проекти за развој на нафтената индустрија, со чија реализација Црна Гора би можела да има најмалку десет пати поголем приход од нафтата отколку од туризамот за многу кратко време, пренесува РТЦГ.

-Се што треба да се направи е да се формира национална нафтена компанија како сопственик на црногорското приморје, да се донесат шест експерти пронаоѓачи на нафта, да се планира 3Д програма преку целото подрачје од Хрватска до Албанија, да се вклучи конзорциумот Ени-Новатек и Енерген 3Д програма во заедничка програма, како и да се регистрира фирма на берзата во Њујорк или во некоја друга берза, вели Поповиќ.

Тој смета дека акциите на фирмите дополнително ќе пораснат кога ќе бидат водени од нафтени експерти.