По две години во кои бројките се намалија, во последните 12 месеци има зголемување на бројот на насилни смртни случаи во државата – тие се вкупно 50.033. Ова значи дека во просек биле извршувани 6 убиства на секој час, или по едно на секои 10 минути.

Пикот на насилството е регистриран во март и април 2020 година, кога Бразил ги донесе најстрогите мерки поради пандемијата. Во тој период, скоро 4.800 луѓе беа убивани месечно. За споредба, во 2019 година се потврдени 47.742 тешки кривични дела во најголемата јужноамериканска држава.

Извештајот се базира на официјални податоци од 27 региони во земјата. Од нив, 16 пријавиле зголемување на насилна смрт и од тоа – 91,3 отсто од жртвите се мажи и 54,3 отсто се млади меѓу 18 и 24 години.

Вкупно 3.913 жени беа убиени. Од вкупниот број убиства, 6.416 се припишуваат на безбедносните сили – зголемување од еден отсто во споредба со 2019 година и најголема бројка од 2013 година.