Медиумите во регионот пишуваа дека тие влегле во Грција со лажен пасош но не се знаеше со каков.Се до вчера кога емисијата „Код“ објави тие поседувале македонски пасош и оти со него влегле во Грција.
Дедовиќ и Стаматовиќ беа изрешетани во еден ресторан додека седеа со свои сопруги и децата. Напаѓачите точно знаеле за нивната локација бидејќи сопругите се чекирале на Фејсбук.
Им пукале на двајцата во главите, а во ресторанот влегле мирно, така што сите во првиот момент помислиле дека се гости.
И двајацата имаа по 43 години и досега имат прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра.
Има две верзии зошто се убиени.Првата е дека тоа е дело на ривалскиот Кавачки клан, а другата е дека ,Игор Дедовиќ, наводно бил вмешан во шверц на 20 тони кокаин 2019 година во Филаделфија и дека тој е виновен за губење на нелегалниот товар.