Состанокот, како што информира ЦУК, е одржан под раководство на в.д. директорот Стојанче Ангелов.

Покрај Ангелов, на состанокот присуствувале и претставници на дел од институциите кои имаат надлежност во справување со пожари – командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби и Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП „Национални шуми.

Како што посочија од ЦУК, навремената реакција и справување со пожар во голема мера ќе ја намали потребата од интервенција на поголеми сили и средства, ако известувањето биде навремено, точно и прецизно.

На состанокот биле елаборирани и сите проблеми и недостатоци со коишто субјектите во СУК досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои се уште не е изнајдено соодветно решение.