Некои проценки велат дека сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало кај нас 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини” – вели за Алфа професорот Драган Даниловски.
Професорот Даниловски вели за да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот.
-Некои проценки велат дека сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало кај нас 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини – вели за Алфа професорот Драган Даниловски.
Д-р Даниловски алармира да вакцинираат што побрзо што поголем број на луѓе, затоа што само така на вирусот нема да му се даде шанса да се извлече од обрачот во кој се стега.
-Ако полека се тегнеме со вакцинирањето со тоа му се дава шанса на вирусот да и избега на вакцината, да мутира.Да најде начин преку мутирање и создавање на нови соеви да стане отворен на антителата што ги создава вакцината, но и на природниот имунитет.И тогаш ќе се соочиме со еден ужас без крај- – вели д-р Даниловски.
Најавите на Филипче се дека дневно од 10 до 15 илјади граѓани ќе добијат вакцина. Но за жал според голем дел од лекарската фела тоа е неостварливо.