Премиерот Зоран Заев вечерва излезе со тврдење дека Доктор Игор Николов бил повикан за консултација за ковид мерките. Тој дури и се обрати со зборовите„ што Игор Николов да не е попаметен од Караџовски и Филипче“. Но докторот Николoв, кој е претседателот на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, демантира. Вели:
„Потврдувам дека ниту јасм ниту некој од 38-те членови на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ составена од доктори со долгогодишно искуство,НИКОГАШ не сме биле повикани, ниту консултирани за предложените мерки за борба против ковид – 19“ како што тврди Зоран Заев во Дуелот на Канал 5 – вели д-р Николов