– Ова што се предлага тешко е да се реализира, тешко е на популацијата да и се објасни од една состојба на сè е под котрола и немаме никакви проблеми, одеднаш треба да се воведе некој вакцинален пасош или некаква „ѕвезда“ којашто треба да биде пас за поминување или влез било каде, вели доктор Николов.

Тој вели дека граѓаните се сведоци дека вакциналните пунктови буквално беа навјасани овие денови и начинот на кој се прави вакциналниот процес со дискриминација на луѓето и начинот на кој се носат небулозни мерки од состојба на целосно нормална состојба, згора на се лудите забави кои се случуваат насекаде говори дека ова е состојба која е резултат на одлуките на власта да се дозволи такво однесување и сето ова не доведе во состојбата во која сега е наоѓа земјата, потенцира доктор Николов.

– Мерките се донесоа брзоплето, набрзина, ако ги компарираме со земјите во Европа иако таму сега има протести, мерките беа донесени во една законска процедура како нови закони со зачувување на човековите права, обезбедување и гарантирање на човековите права, за разлика од кај нас, вели Николов.

Тој објасни дека во соседните земји цело лето беа во тек промотивните мерки за вакцинирање, како ваучерите кои Владата ги одвојуваше, можеше да бидат наменети за вакцинација како во соседна Србија, а сега се воведуваат мерки кои требаше да се прават измеѓу третиот и овој бран.

– Сега дали оваа присилна вакцинација со прва доза ќе помогне во тоа да нема потешки случаи, веројатно можеби но не сме сигурни дека така ќе биде во ек на четврт бран, вели доктор Николов.

Тој појасни исто така дека Записниците од заседавањето на Комисијата за заразни болести не се јавно достапни, можеби таа предложила мерки уште во јуни месец, но не се знае дали заседавала или дали Владата не ги усвоила тие мерки.