Изјавата следуваше по најавите од Министерството за здравство дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината „Фајзер“.
– Мислам дека прво треба да се вакцинираат луѓето над 60 години. Не знам зошто би се вакцинирале децата, мислам дека целата работа е некако наопачки. Вакцинирањето е доброволно и пак ќе си ги вакцинираат децата оние што веќе се вакцинирани и нема да се заштитат фамилиите каде никој не е вакциниран. Не знам, може е само најава, но очигледно има потреба да се вакцинираат ранливите, ризичните групи на граѓани. Не е во ред да се заштитутваат тие луѓе со тоа што ќе ја вакцинираме нивната околина и тоа децата кои лесно го поминуваат вирусот. На 17 отсто вакцинирани граѓани да се зборува за вакцинирање на деца, тоа не ми е логично. Тоа може да се зборува кога ќе имаме 75-80 отсто вакцинирано население, вели Пановски.