– Оваа горчлива реалност доаѓа како резултат на раководењето на земјата од страна на корумпирани функционери и од претходните влади кои што продолжуваат со применување на истите методи на работење и понатаму, потенцираат од Алијанса за Албанците.

Осврнувајќи се на извештајот од Стејт департментот напоменуваат дека во извештајот се вели дека постојат позитивни закони што се совпаѓаат со европското законодавство и што овозможуваат позитивна клима за лесни бизниси, но, корупцијата останува и понатаму проблем.

– Ова исто така докажува дека во Македонија не се проблем законите, туку спроведувачите на законот. Тоа докажува дека проблемите со криминалот, корупцијата и стагнацијата на државата не се решаваат со законски реформи, туку со промена на структурата на владеење со државата, која што ги има заробено институциите воопшто и судството особено, велат од Алијанса за Албанците.